Фудбал

ВЕТУВАЊЕ ИЛИ ПРАЗНИ ЗБОРОВИ: НАВИВАЧ ЌЕ ГО ИСТЕТОВИРА СЕЛЕКТОРОТ МИЛЕВСКИ НА ПЛЕЌИ, АКО МАКЕДОНИЈА СЛАВИ ВО ГЕНТ?! (ФОТО)

Утринава на нашата фејсбук-страница ја објавивме изјавата на селекторот Благоја Милевски, која ја даде за медиумите во пресрет на дуелот на Македонија против Белгија кој вечерва треба да се одигра во Гент. Самата објава не ќе беше толку интересна, доколку еден наш следач и очигледно страствен фан на нашата фудбалска репрезентација, не се дрзнеше да напише прилично храбар коментар, кој засега не можеме да го протолкуваме дали е ветување или се само празни зборови.

Коментарот гласи: „Ако ја победат Белгија, ќе го истетовирам Боби на плеќи“, надоврзувајќи се на оптимистичните зборови кои ги изјави селекторот.

Станува збор за оваа наша објава, па сега го прашуваме Златко дали навистина ќе стави тетоважа од Боби Милевски доколку Македонија вечерва слави во Гент, или за првпат во неговиот живот ќе навива против својата репрезентација?