МУНДОКВАЛИФИКАЦИСКИ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА ИГОР ЗА ОВОЈ ВИКЕНД
Објавено на: 10.10.2025
Квалификациите за Светското првенство 2026 се одлична прилика за Игор Трпески викендов да брка солидна добивка, а предлог-тикетот што го состави делува потенцијално добитен. Доколку во сабота и недела ги погоди паровите кои ги одбра, ќе остане Македонија во понеделникк да го реши Казахстан во дуелот кој ќе се одигра во Скопје, за двојна радост.
Ова е неговата визија за овој викенд:

ЕСТОНИЈА – ИТАЛИЈА: Победа гостин на полувреме и на крај со граница 2-6 гола
Аѕурите во првата пресметка петпати ја затресоа мрежата на Естонците, па поради фактот што им треба гол-разлика и немаат право на кикс, се очекува момците на Гатузо и во оваа пресметка да бидат доминантни над Естонците среде Талин.
БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА: 0-1 гола во прво и 0-3 гола во второ полувреме
Бугарија како најслаба селекција во групата Е уште е во потрага по прв погодок во овие квалификации, додека дебаклот од 0-6 од Шпанија за Турците може да биде фатален доколку наскоро не ја подобрат гол-разликата. Влогот во овој меч е голем, па можно е првото полувреме да биде мирно, а да падне некој гол во вторите 45 минути.
ХОЛАНДИЈА – ФИНСКА: Домаќинот да постигне 3+ гола
Финците иако се во битка за второто место во групата Г, исто така се редовни пациенти на Лалињата. Поради тоа, на „Јохан Кројф“ арената во Амстердам се очекува рутинска партија на Холанѓаните во која треба да постигнат барем три гола.
РОМАНИЈА – АВСТРИЈА: Гол-гол
Австрија броеше до 10 против Сан Марино, воедно продолжувајќи го перфектниот учинок за преземање на првото место во групата Х. Сепак, во оваа средба Романците имаат прилика да им ја прекинат победничката низа. Но, наместо да се бара победник, најдобра опција е да се типува дека и двете мрежи ќе се затресат барем по еднаш.
ДАНСКА – ГРЦИЈА: Победа домаќин
Данците се во пол-поцизија да остварат двојна победа над Грција во овие квалификации, откако го надиграа нашиот јужен сосед со 3-0 во првата средба. Надеж дека во Копенхаген ќе се слави нова победа дава фактот што Данска има подобар меѓусебен скор против Грција во квалификациски рамки, но и разликата во квалитетот на тимовите е очигледна.
МАКЕДОНИЈА – КАЗАХСТАН: Победа домаќин и 1+ гола во прво полувреме
Што и да се случи против Белгија, нашиот национален тим предводен од Боби Милевски и натаму ќе има шанси за едно од двете места од групата Ј кои водат на Мундијалот 2026, односно бараж. Македонија во два дуели против Казахстан има исто толку победи со вкупна гол-разлика од 5-0, па на скопската Арена не се очекува ништо помалку од сигурна победа.

Со стандардниот влог од 200 денари се добива сосема солидна добивка. Доколку сакате и вие да го одиграте овој предлог-тикет, можете да го сторите тоа до утревечер пред почетокот на првите натпревари, со искористување на кодот за брза уплата.
КОД: 183330