КАПИТЕНОТ ЌЕ БИДЕ ДОПОЛНИТЕЛНО МОТИВИРАН: БАРДИ ДОБИ ПРИНОВА ПРЕД ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ БЕЛГИЈА И КАЗАХСТАН (ФОТО)
Објавено на: 08.10.2025
Енис Барди, капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, ќе биде дополнително мотивиран во овој квалификациски прозорец во кој нашиот национален состав ќе ги одмери силите против Белгија и Казахстан.
Барди вчера стана татко, неговата сопруга доби женско бебе кое се вика Аја, а неговиот клуб Коњаспор, како и претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ, му ја честитаа приновата на нашиот капитен.
View this post on Instagram