Фудбал

КЕЈН ВЕЧЕРВА ГО УРИВА ЗАЕДНИЧКИОТ РЕКОРД НА РОНАЛДО И ХАЛАНД?

Баерн Минхен вечерва (20:30 часот) го пречекува тимот на Вердер Бремен во рамките од петтото коло во Бундеслигата. Дуелот на „Алијанц“ арената во Минхен е зицер ситуација за Хари Кејн да продолжи со неверојатната голгетерска низа, а пред него е ретка прилика да урне рекорд кој го држат Кристијано Роналдо и Ерлинг Халанд.

Имено, Кејн во дресот на Баварците досега постигна 98 погодоци на 103 настапи, а доколку вечерва постигне два гола, ќе излезе пред Роналдо и Халанд на врвот на листата како играч кој најбрзо стигнал до 100 погодоци за еден клуб. Кристијано при преселбата од Јунајтед во Реал до „стотката“ стигна по 105 настапи, идентичен беше учинокот на Халанд откако дресот на Дортмунд го замени со оној на Манчестер сити.

Англискиот голгетер досега во четири меча против Вердер има постигнато исто толку гола, што значи дека не му е проблем да ја тресе мрежата на екипата од Бремен. Воедно е во страшна форма од почетокот на сезоната, Кејн брои 13 гола на 7 настапи во сите натпреварувања, а веќе има и два хет-трика во германскиот шампионат.

Ќе посведочиме ли на историја вечерва?