ПРВИОТ ЛИГАШКИ ПОРАЗ ГИ СКАРА КОНТЕ И ДЕ БРУЈНЕ?
Објавено на: 29.09.2025
Наполи вчеравечер го доживеа првиот пораз во Серија А сезонава, по тешкото гостување кај Милан резултатот беше 2-1 во корист на Росонерите на култниот „Сан Сиро“. Избраниците на Антонио Конте не успеаја да се вратат резултатски иако повеќе од половина час беа со играч повеќе на теренот, а ниту замените не проработеа за да ги сменат нештата.
Во текот на дербито се забележа еден момент кој може да развие проблемачитен однос меѓу Конте и првата ѕвезда во тимот, Кевин Де Брујне. Во 72-та минута нашиот Елиф Елмас доби шанса од клупата, го замени токму Де Брујне, кој при излегување покажа незадоволство поради што беше заменет во моменти кога Наполитанците беа во негатива од еден гол.
Јасно беше дека реакцијата на Де Брујне ќе биде тема на разговор на прес-конференцијата по натпреварот, а Конте упати директна порака.
„Се обидов да внесам „свежи нозе“ бидејќи Милан се затвори, одлучив дека ни треба нешто различно на теренот. Сигурен бев дека во тие моменти измените беа точно одбрани. Се надевам дека Кевин беше незадоволен со резултатот, бидејќи ако има проблем со нешто друго, тогаш гледа кон погрешната личност“, изјави Конте.
Овој коментар на Конте делува како да е обид да наметне авторитет кај еден од најдобрите везни играчи во својата генерација, но прашање е дали е добар начин да му се каже тоа вака јавно, а не во соблекувалната. Може ли овој момент да го наруши односот меѓу нив, а со тоа и атмосферата во клубот?