ДОДЕКА ВИЛА УШТЕ ТРАГА ПО СЕФТЕ ПОБЕДА СЕЗОНАВА, ПАДНА ПРВИОТ ОТКАЗ ВО КЛУБОТ
Објавено на: 23.09.2025
Управата на Астон вила во следниот период треба да добие нов спортски директор, откако Рамон Родридес Вердехо, или попознат како Мончи, го напушта клубот по серијата негативни резултати на стартот од сезоната. Се очекуваше некаква промена во клубот токму поради перформансите на екипата, но засега Унај Емери останува на тренерската позиција, а ќе добие нов спортски оперативец.
Астон вила по пет кола во Премиер лигата има само три освоени бода и само еден постигнат погодок, што го става тимот на Емери на 18-тата позиција на табелата. Ако се додаде и елиминацијата од Лига Купот во првото коло, сосема реално е да се каже дека ланскиот четвртфиналист во Лигата на шампионите игра далеку под очекувањата на своите навивачи, но и јавноста.
Мончи од летото 2023 година пристигна во Астон вила, со Емери има неколку успешни авантури, најмногу во Севилја, но на нивната соработка ѝ дојде крајот. Иако оперирањето на Мончи на трансфер пазарот во последните две години се покажа како полн погодок, истото не може да се каже за летниот преоден рок кој заврши пред повеќе од три недели.
Ако Емери не креира тактика која во следниот период ќе носи само победи, шпанскиот стратег може да биде следниот на кого ќе му биде покажа излезната врата…