Фудбал

КОГА ЌЕ ТИ ВЛЕЗАТ ПОД КОЖА: СИМЕОНЕ САКАШЕ ДА СЕ ПРЕСМЕТА СО НАВИВАЧИТЕ НА ЛИВЕРПУЛ (ВИДЕО)

Ливерпул продолжи во свој стил да победува во судиското надополнување, вчеравечер новата жртва на Црвените беше Атлетико Мадрид. Капитенот Ван Дајк на неколку минути пред крајот погоди за конечни 3-2, по што „Енфилд“ еруптираше.

Јорганџиите за малку не успеаја да извлечат бод на тешкото гостување, тимот на Симеоне претходно се врати од два гола негатива, но тоа не беше доволно. Колку всушност Ел Чоло се разочара и беше нервозен по голот на Ван Дајк во судиското време, покажа откако влезе во клинч со домашните навивачи.

Стјуардите мораа да го отстранат нервозниот Симеоне од првите редови на трибините, каде што позади клупата на Атлетико седеа навивачи на Црвените. Дури и настана поголема мешаница пред страстите да се смират.