МЕСИ ОД ФЛОРИДА ЌЕ ГО ЧЕКА МУНДИЈАЛОТ
Објавено на: 18.09.2025
Повеќе американски медиуми тврдат дека Лионел Меси се согласил да ја продолжи соработката со Интер Мајами. Неговиот актуелен договор завршува во декември, но се очекува да стави потпис на нов договор со кој би се задржал на Флорида најмалку до Светското првенство кое идното лето ќе се игра токму во САД, покрај Канада и Мексико.
Дури и еден од косопствениците на клубот од Флорида, Хорхе Мас, истакна дека управата ќе стори сè што може за да го задржи Меси. Дали ќе добие поголема сума на пари, и не е толку важно бидејќи Аргентинецот одамна не мисли на финансиите.
Меси наводно имал и можност да се пресели во Саудиска Арабија, но преселба во друга лига на 38 години не ја гледа како опција, со оглед на тоа дека веќе се адаптира на животот на Флорида, како и МЛС-лигата.