ЕНРИКЕ ЌЕ КОМАНДА ОД ДАЛЕЧИНА И ПРОТИВ БОЖИЦАТА?
Објавено на: 16.09.2025
Актуелниот европски шампион ПСЖ ја отпочнува одбраната на европската титула со дуел на домашен терен против Аталанта, на средбата во Париз која ќе се одигра во 21 часот како дел од утрешната програма од премиерното коло во Лигата на шампионите.
Светците пред себе имаат незгоден противник против имаат еден триумф на исто толку меѓусебни дуели во рамките на ЛШ, па за да се тргне во одбраната на трофејот со позитивен резултат, Луис Енрике е подготвен да изненади со својот рагби стил на водење на неговата екипа.
Токму во победата над Ленс со 2-0 изминатиов викенд, Енрике во пракса ни покажа кои и какви се придобивките од следење на дел од мечот високо од трибините, наместо да биде заедно со неговиот стручен штаб покрај аут-линијата.

„Знам дека тренерите во рагби веќе подолг период се адаптирани да ги следат натпреварите од панорамска перспектива. Многу е поразлично, поинаку можеш да контролираш како игра твојот тим. Приметувам различни детали, почисто се гледа кој игра добро, а кој не, така што уште пред полувремето знам што да им пренесам на моите играчи. Секако дека планирам и во иднина да работам на ваков начин“, изјави Енрике.

Дали револуцијата на Енрике ќе ја видиме и на европската сцена, и тоа уште против Аталанта?