Фудбал

ФИФА КОНЕЧНО ОДРАБОТИ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ: ЕДЕН ЕСЕНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ЦИКЛУС

Светската фудбалска куќа планира да ги спои есенските репрезентативни прозорци во еден циклус почнувајќи од сезоната 2026/27.

Наместо репрезентациите ширум светот да играат по два натпревари во септември и октомври, се шпекулира дека спојувањето на циклусите во еден подолг циклус ќе трае од 21 септември до 6 октомври. Во тој период, репрезентациите ќе може да одиграат до четири натпревари.

Целта на продолжениот циклус е да се намалат обврските на фудбалерите и нивните чести патувања, нешто што годиниве наназад многу менаџери го критикуваа, особено Јирген Клоп додека го водеше Ливепрул. Речиси по секоја репрезентативна обврска се случуваа повреди, играчите се враќаа заморени во клубовите и не перформираа на потребното ниво.

ФИФА конечно одработи нешто и за нив, но допрва треба да се види каков резултат ќе донесе овој репрезентативен циклус, и дали ќе има уште некоја спојка меѓу пролетните прозорци.