АНГЛИСКАТА ФА УДРИ ПО ЧЕЛСИ: 74 ОБВИНЕНИЈА ЗА ШЕСТ ПРЕКРШЕНИ РЕГУЛАТИВИ ВО ЕРАТА НА АБРАМОВИЧ
Објавено на: 11.09.2025
Англиската фудбалска асоцијација покрена правна постапка против Челси со 74 обвиненија за шест прекршени регулативи во периодот од 2009 до 2022 година. Повеќе финансиски нерегуларности се пронајдени по деталната и долга истрага, реализирани во ерата на Роман Абрамович, од кои повеќето се во периодот од сезоната 2010/11 до сезоната 2015/16.
Нерегуларните трансакции до фудбалски агенти и посредници на трансфери беа пријавени од самата управа на Челси, односно конзорциумот предводен од Тод Боли, набрзо по откупот на Сините во мај 2022 година а мултимилијардерска сума.
Управата настојува транспарентно да оперира и им овозможи на правните тела на ФА и Премиер лигата да ги „прочешлаат“ книгите на клубот од Лондон. Не се очекува клубот да биде казнет од спортски аспект бидејќи овие нерегуларности не влијаат врз успесите и резултатите на клубот, но веројатно ќе има голема парична казна.