ОЧЕКУВАН ЕПИЛОГ – ПАДНА ПРВИОТ ОТКАЗ ВО ПРЕМИЕР ЛИГАТА
Објавено на: 09.09.2025
По нарушениот однос помеѓу сопственикот и тренерот на Нотингем форест, Нуно Еспирито Санто е разрешен од функцијата, а со тоа е потврден и првиот тренерски отказ во Премиер лигата за сезонава.
Португалскиот стратег по 21 месец ја заврши приказната на кормилото на Шумарите, откако во текот на летото го критикуваше оперирањето на клубот на трансфер пазарот, како и јавното признавање дека не е во добри односи со Евангелос Маринакис.
Грчкиот газда очигледно ги стави резултатите во втор план и се ослободи од тренерот кој на клубот прво му обезбедни опстанок во сезоната 2022/23, за потоа да испише историја со пласман во едно од натпреварувањата на УЕФА, нешто што Шумарите чекаа дури три децении.
Бидејќи е потребна брза реакција од управата, се разгледуваат неколку имиња како потенцијални наследнити на Еспирито Санто, а главен кандидат е Анге Постекоглу, експредводникот на Тотенхем. Се „шушка“ и за Жозе Мурињо, но тој самиот истакна дека повеќе не сака да води екипа која игра во некое од европските натпреварувања на УЕФА.
Нотингем сезонава ја почна со четири освоени бода по три кола и моментален пласман на 10-тото место на табелата во Премиер лигата.