Фудбал

МУРИЊО ЌЕ МЕНАЏИРА ВО ЗЕМЈАТА КОЈА Е ПОД САНКЦИИ НА УЕФА?

Жозе Мурињо подготвува ново изненадување во својата тренерска кариера, откако неодамна доби отказ од Фенербахче. Пред да се случи разрешувањето, самиот кажа дека следен клуб ќе му биде некој што не се натпреварува во ниту едно од трите натпреварувања на УЕФА, но одлуката што ја донесе делува доста драстична.

Наводно, Португалецот е пред ангажман во Русија, чија што фудбалска федерација е под суспензија на УЕФА и ФИФА поради војната со Украина. Поради санкциите, најдобрите руски клубови воопшто не учестувуваат во европските натпреварувања, што за Мурињо е идеална ситуација.

Она што наводно го побарал Мурињо е 20 милиони евра годишен буџет за него и неговиот стручен штаб, а договорот да биде во времетраење од две години. Засега не е познато каде ќе менаџира, а во игра се најпознатите ЦСКА и Спартка од Москва, како и Зенит.