Фудбал

СИТЕН ГУБИТНИК: СУАРЕС ПЛУКНА ПРОТИВНИЧКИ ТРЕНЕР ПО ДЕБАКЛОТ НА ИНТЕР МАЈАМИ ВО ФИНАЛЕТО (ВИДЕО)

Интер Мајами ноќеска доживеа тежок пораз во финалето од Лига Купот на Северна и Централна Америка, откако Сиетл Саундерс беа подобри со 3-0. Меси и дружината не беа на потребното ниво во клучниот меч, а нивната немоќ се покажа на дело по крајот на натпреварот.

Со последниот судиски свиреж настана голема мешаница меѓу фудбалерите на двете екипи, а Луис Суарес реши да оди чекор подалеку и уште еднаш да го покаже своето неспортско однесување.

Уругваецот во турканицата се зафати со еден од тренерите на Сиетл, по што во еден момент нервозно го плукна на лицето.

И порано во кариерата Суарес многупати има покажано дека е ситен губитник, а вакви потези во критични ситуации засекогаш ќе му зацрнат блескавата кариера.