Фудбал

ДОВОЛНИ БЕА ДВА МЕЧА: ГЛАВОБОЛКАТА НА ФАРМАЦЕВТИТЕ РЕЗУЛТИРАШЕ СО ЕДЕН ОД НАЈКРАТКИТЕ ТРЕНЕРСКИ АНГАЖМАНИ

Ерик Тен Хаг предмалку беше разрешен од тренерската функција во Баер Леверкузен по само две одиграни кола во новата сезона од Бундеслигата. Според информациите на повеќе германски медиуми кои утрово брзо се раширија во јавноста, управата нема доверба во холандскиот стратег по слабиот старт на сезоната и решија веднаш да реагираат пред да се создадат многу поголеми проблеми.

Човекот кој го наследи Чаби Алонсо оствари само една победа во првото коло од германскиот Куп, додека во домашниот шампионат Фармацевтите освоија смао едне бод по два натпревари, откако загубија дома од Хофејхам во првото коло, а изминатиов викенд ремизираа со Вердер Бремен при конечни 3-3. Така, Тен Хаг активно беше тренер на Леверкузен смао 62 дена од денот кога беше назначен за нов кормилар.

Тен Хаг имаше одврзани раце летово да состави тим по негова мерка, па парите заработени од транферот на Вирц и Фримпонг беа искористени за дури 13 засилувања и безмалку 200 милиони евра, меѓу кои најскапи беа ангажманите на Тилман и Кванса по 35 милиони евра, како и Бен Сегир за 32 милиони евра. Екипата претрпе доста промени, заминаа бројни клучни играчи, но освежувањата засега не функционираат како што треба, а ниту тактичката поставеност на тимот под водство на Тен Хаг делува стабилно.

Леверкузен во најскоро време ќе назначи замена за Холанѓанецот.