Тенис

ЕДЕН ОД НАЈЛУДИТЕ ПОЕНИ НА ЈУ-ЕС ОПЕН, ВО ИЗВЕДБА НА ПОЛ И БОРЖЕС (ВИДЕО)

Томи Пол го освои можеби најлудиот поен на Отвореното првенство во Њујорк, во победата над Нуно Боржес за пласман во третото коло на американскиот гренслем.

И двајцата тенисери разменија по десетина удари во клучниот поен со кој Пол ја оствари победата по пет сета. Имаше предност при водство од 6-5 во гемови во петтиот сет, па кога Боржес се обиде да нападне на мрежа, Американецот како да го „запали“ моторчето, ги стигна сите топки и на крај од вртење со силен форхенд го освои поенот, а воедно и мечот.