Фудбал

НОВИОТ ВЕЗИСТ НА ИНТЕР НЕ КОРИСТИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ: НЕ САКАМ ЗАЛУДНО ДА СИ ГО ТРОШАМ ВРЕМЕТО

Петар Сучиќ одработи фантастично деби во дресот на Интер по победата од 5-0 над Торино во премиерното коло во Серија А. Хрватскиот играч за врска одлично го замени искусниот Чалханоглу на позицијата заден играч за врска, придонесувајќи со асистенција до Турам при голот за 2-0 во 36-тата минута.

Италијанските медиуми веднаш по натпреварот го свртеа вниманието кон него за подетално да се запонаат со Сучиќ и неговиот пат кој го доведе до Интер. Меѓу другото, откри дека не користи социјални мрежи.

„Искрено, немам некоја посебна причина што не користам социјални мрежи, освен што не сакам да си го трошам времето. Човек лесно може да „заглави“ со очите вперени во екран по 4-5 часа во денот, иако се доста добар и брз начин да се остане информиран. Преферирам да сум цело време активен во мојот живот, наместо да „висам“ на социјални мрежи, знам дека многу често вниманието од медиумите и јавноста е насочено кон нас, па не ми треба дополнителен дефокус. Исто така многу подобро ми е по натпревар или после тренинг да се релаксирам и да уживам со моите најблиски“, посочи хрватскиот везист.

Неговиот избор и начин на живот е вистинска реткост меѓу спортистите во денешно време. Речиси сите атлети и познати спортисти многу често се на социјалните мрежи и редовно објавуваат и комуницираат со својата публика, но Сучиќ смета дека не му е потребна таква дистракција.