Фудбал

ДВАЈЦА ДЕБИТАНТИ НА СПИСОКОТ НА МИЛЕВСКИ ЗА ДУЕЛИТЕ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН И САУДИСКА АРАБИЈА

Селекторот на сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, повика двајца дебитанти во селекцијата за септевриските репрезентативни обврски.

Решат Рамадани, играчот за врска на Шкендија и Елмин Растодер, офанзивецот на швајцарски Тун, се двете нови имиња на списокот фудбалери кои ќе му бидат на располагање на Милевски за квалификацискиот дуел против Лихтенштајн на 7 септември, како и пријателскиот натпревар против Саудиска Арабија кој е закажан за три дена претходно и ќе се игра во Прага, Чешка.

Инаку, поради повреда на рамото недостасува Агон Елези, додека Ашковски, Димовски и Манев поради проблеми во клубовите каде што настапуваат, исто така се изоставени за овој циклус.

Милевски ги прокоментира дебитантите и зошто се повикани за овој циклус:

„Рамадани сам се наметна со своите игри за Шкендија во европските купови. Има квалитети кои сметаме дека може да придонесат за резултатите што ги посакуваме. Со Растодер ја зголемуваме напаѓачката конкуренција, а секако поседува квалитет кој го покажа со настапите за Тун“, посочи Сер Боби.