Мотоспорт

СТИГНА И ПОТВРДА: КАДИЛАК ГИ ПРЕТСТАВИ ВОЗАЧИТЕ ЗА СЕЗОНАТА 2026 ВО ФОРМУЛА 1

Новиот Ф1 тим, американскиот Кадилак, и официјално ги претстави двајцата возачи кои ќе ги сефтисаат болидите во сезоната 2026 во Формула 1. Станува збор за добропознатите Валтери Ботас и Серхио Перес, двајцата искусни возачи ќе ја почнат новата ера во најбрзиот мото цикурс на светот.

Иако во игра беа неколку помлади возачи, како синот на Михаел Шумахер, Мик Шумахер, сепак од Кадилак се одлучија да се потпрат на искуство во нивната дебитантска сезона.

Ботас повторно ќе го гледаме на големата сцена, откако оваа сезона остана резервен возач на Мерцедес, додека Перес беше без ангажман по прекинот на соработката со Ред бул по крајот на минатата сезона.

Она што веќе се знае е дека Кадилак подготвува сопствен мотор во соработка со Џенерал Моторс, кој ќе се користи од сезоната 2029, а дотогаш болидите на американскиот тим ќе се движат на погон на Ферари.