Фудбал

ПАДНА РЕКОРДОТ: ПРЕМИЕРЛИГАШИТЕ ТРОШАТ КАКО „ЛУДИ“ И НЕ ПЛАНИРААТ ДА ЗАСТАНАТ

Со официјализирањето на трансферот на Ноа Окафор од Милан во редовите на Лидс јунајтед, премиерлигашките клубови поставија нов рекорд за потрошени средства за засилувања во еден преоден рок. Окафор чинеше 18 милиони фунти, а со тоа и надмината е вкупната цифра од 2,36 милијарди фунти кои премиерлигашите ги потрошија во летото 2023 година.

Досега се потрошени 2,37 милијарди фунти, а преодниот рок во Англија се затвора на 1 септември во 19 часот, што значи дека Англичаните ќе може да го надополнат овој рекорд.

Напоредно, дури шест клубови поставија клупски рекорди. Најскапото засилување на Брентфорд е Данго Оутара за 42,5 милиони фунти, Борнмут искешира 34,6 милиони фунти за Бафоде Дијаките за да стане најскапото засилување на Црешите. Рекорден трансфер на Барнли е Лесли Огучукву за 25 милиони фунти, Хабиб Дијара стана рекордно засилување на Сандерленд за 30 милиони фунти со вклучени бонуси. Нотингем форест на двапати плати рекордна сума, по 37,5 милиони фунти чинеа Омари Хачинсон и Дан Ндоје.

Ливерпул во јуни плати неверојатни 110 милиони фунти за Флоријан Вирц, а доколку се активираат бонусите во висина од 16 милиони фунти, овој транфер ќе биде и рекорден во Премиер лигата, не само клупски рекорд на Ливерпул.

Во меѓувреме се реализираат уште трансфери, во последните десетина дена се очекуваат уште многу купувања и продажби на фудбалери кои дефинитивно ќе влијаат врз вкупната потрошувачка на екипите од најатрактивната лига во светот.