Фудбал

ДАРКО ВРАТИ СЕ! НАВИВАЧИТЕ НА ЈАГИЕЛОНИЈА БАРААТ МАКЕДОНЕЦОТ ДА СЕ ВРАТИ ВО КЛУБОТ (ВИДЕО)

Јагиелонија вчеравечер направи голем исчекор кон групната фаза во Конференциската лига, по триумфот од 3-0 над Динамо Тирана во првиот плејоф натпревар. Колку што домаќините беа доминантни на теренот, толку навивачите приредија фешта на трибините, а издвоија и време да му посветат транспарент на Дарко Чурлинов и да го повикаат назад во клубот.

Имено, фановите гласно го скандираа на името на македонскиот репрезентативец, што беше еден вид на порака до управата да го врати Чурлинов во тимот, по успешната позајмица минатата сезона. Нашиот крилен офанзивец беше еден од поистакнатите фудбалери кој во 43 настапи во сите натпреварувања забележа 7 погодоци и 4 асистенции, добар дел од нив во клучни ситуации.

Чурлинов летово се врати во Барнли, но знаејќи дека нема да добие шанса да ја оживее кариерата во редовите на премиерлигашот, има клуб кој го цени.