ТИПУВАМЕ

ЌЕ БИДЕ ЛИ СРЕДА СРЕЌЕН ДЕН ЗА НОВИОТ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ НА ИГОР?

Последниот круг на квалификации за натпреварувањата на УЕФА се одлична прилика за Игор Трпески да комбинира типови од најдобрата обложувалница во Македонија користејќи ги нашите највисоки коефициенти.

Во негвиот нов предлог-тикет комбинираше шест типови, од кои само еден е oд третата англиска лига, останатите се типови од квалификациските дуели.

СЕЛТИК – КАИРАТ АЛМАТИ: Домаќинот да постигне 1+ гола во прво и 2+ гола во второ полувреме

Селтик е голем фаворит против казахстанскиот тим и се очекува доминација од страна на шкотскиот гигант во првата плејоф-средба за пласман во главната рунда на ЛШ. Келтите сезоната ја почнаа со три победи во низа, па таа форма треба да се пренесе и во овој дуел.

ФЕНЕРБАХЧЕ – БЕНФИКА: 0-2 гола во прво и 1-3 гола во второ полувреме

Дефинитивно највозбудливиот двомеч во плејофот од кој се очекува првата средба во Истанбул да биде исполнета со голови во двете полувремиња. Фенер на клупата го има Мурињо, човекот кој многупати во кариерата успевал да го надитри лутиот ривал на неговиот Порто.

БОДО/ГЛИМТ – ШТУРМ ГРАЦ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме

Серијата од 9 меча без пораз на Бодо во која забележани се дури 7 победи, наговестува дека домаќините ќе одиграат за Игор и неговата прогноза да има по барем еден гол во двете полувремиња на мечот против австрискиот претставник.

БОЛТОН – РИДИНГ: Победа домаќин

Некогашните премиерлигаши сега се редовни противници во Лига 1, па ако се земат во предвид нивните четири последни меѓусебни дуели во кои редовно победува домаќинот, реално е да се очекува таков исход и во оваа пресметка.

ШАХТАР Д. – СЕРВЕТ: Победа домаќин

Конференциската лига е последна шанса за Шахтар да обезбеди европска есен, а за да стигне до групната фаза вечерва мора да триумфира против Сервет, против кого за првпат ќе ги одмери силите во дуел од натпреварувачки карактер. Двете екипи паметат една меѓусебна контролка од пред 13 години во која Шахтар триумфираше со лесни 4-0.

СПАРТА ПРАГА – РИГА: Победа домаќин на полувреме и на крај

Спарта е во неверојатна форма од 7 победи во низа во кои постигна дури 19 погодоци, што воопшто не се добри вести за гостите од Летонија. Иако првпат ќе се сретнат во меѓусебен дуел, тимот од Прага не би требало да потфрли пред своите навивачи.

Доколку планирате да ја искористите шифрата за брза уплата и да го препишете тикетот на Игор, можете да го сторите тоа до вечерва до 21 часот пред почетокот на првите натпревари. Неговиот влог останува 200 денари, ваше е со колкав влог ќе ја искористите визијата на Трпески.

ШИФРА: 16202