Фудбал

НАЈНЕОБИЧНАТА ПОНУДА ЗА ТРАНСФЕР ОВА ЛЕТО: ПОТПИШИ ЗА НАС, ЌЕ ТЕ НАПРАВИМЕ МАНЕКЕН

Кевин Трап, германскиот голман и повремен репрезентативец на Германија, го напушти Ајнтрахт Франфурт и официјално стана нов член на Париз ФК. Искусниот чувар на мрежата се врати во францускиот шампион, воедно и во Градот на Светлината, но овојпат ќе брани за соседите на ПСЖ, чии што член беше три години пред да се врати во Германија.

Овој трансфер не би привлекол толку внимание, да не се откриеше причината поради која Трап потпиша со новиот француски прволигаш. Имено, сопствениците на Париз му ветиле дека ќе го направат заштитно лице на светски познатиот моден бренд Луј Витон, откако Трап ќе ја заврши професионалната кариера. Ова ветување и тоа како ќе го остварат со оглед на тоа дека семејството Арно раководи и со Луј Витон и со фудбалскиот клуб.

Трап без никакво размислување ја прифатил оваа понуда бидејќи по голманската кариера ќе се приклучи во модните авантури на неговата сопруга, познатиот бразилски модел Изабел Гуларт, која моментално живее во Париз и е една од популарните „ангели“ на Викторија Сикрет, брендот за долна облека.

Париз е четврти клуб на Трап во сениорската кариера, откако во два наврати бранеше за Ајнтрахт, меѓу нив помина три сезони во ПСЖ, а кариерата ја почна во Кајзерслауртен.