Фудбал

ШПАНЦИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ: КАКО МОЖЕ ДА Е ПЕНАЛ ЗА РЕАЛ, КОГА МБАПЕ ГО ЗГАЗНА ПРОТИВНИЧКИОТ ИГРАЧ? (ВИДЕО)

Реал Мадрид се намачи да ги освои трите бода против Осасуна во нивниот премиерен лигашки натпревар во новата сезона, со минимални 1-0 преку пеналот на Мбапе во 51-та минута.

Токму таа ситуација се процени како спорна во најмала рака од страна на фудбалските фанови кои ја проследија средбата на „Бернабеу“ преку малите екрани, прашувајќи се како може судијата да досуди најстрога казна во корист на Кралевите, кога Мбапе при контактот го згазна противничкиот играч на ногата.

Дали е оправдана одлуката на судијата Кордеро?