РИВАЛИ САМО НА ТЕРЕН: ИГРАЧИТЕ НА ЧЕЛСИ СО ХУМАН ГЕСТ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА ТРАГИЧНО ЗАГИНАТАТА ЅВЕЗДА НА ЛИВЕРПУЛ
Објавено на: 14.08.2025
Иако Ливерпул и Челси станаа големи ривали во поновата ера во англискиот фудбал, надвор од теренот може народски да се каже дека се побратимија, откако фудбалерите на популарните Сини направија прекрасен гест за семејството на трагично загинатиот Диого Жота.
Имено, Челси пред еден месец ја освои титулата на Светското клупско првенство, а клубот заработи околу 100 милиони евра за успехот во новото натпреварување на ФИФА. Поради тоа, клубот еднакво подели бонуси на сите играчи кои беа во составот на Мареска за шампионатот, односно вкупно 20 милиони евра беа доделени играчите како награда. Секој од нив, од својот бонус одлучи да издвои еднаква сума, па така секoj играч донираше по 500.000 фунти, а вкупната сума заврши како донација за семејството на загинатата ѕвезда на Ливерпул, како и за семејството на неговиот брат.
Финалето против ПСЖ во кое Челси триумфираше со 3-0 се одигра помалку од две недели од смртта на Жота, период во кој целиот фудбалски свет беше потресен од веста и испраќаше последен поздрав до Диого и неговиот брат Андре, кој исто така беше во автомобилот кога се случи несреќата во која и двајцата прерано ги загубија животите.
Уште еден доказ дека ривалтсвото е само за на терен, а надвор од него сите сме луѓе и треба да си помагаме.