Останато

САКАШЕ ДА БИДЕ МАНГУП, ПА СЕ ИЗБЛАМИРА: ВЕЛОСИПЕДИСТ ЈА ЗАГУБИ ТРКАТА ПРЕД САМИОТ ФИНИШ (ВИДЕО)

На велосипедското првенство во Ербил, Ирак, победникот во најава сакаше да испадне мангуп пред публиката, но се избламира максимално пред самиот финиш.

На помалку од 100 метри од целта, лидерот на трката ги крена рацете во знак на радост со цел да ја прослави победата, но во тој момент велосипедот ја загуби стабилноста, воланот се сврте неконтролирано и следуваше тежок пад на натпреварувачот. Еден противник успеа да го избегне, но не и велосипедистот кој требаше да се закити со бронзен медал, кој се удри во мангупот и двајцата останаа без подиум.

Смешно е што дури и да не паднеше пред финиш-линијата, велосипедистот ќе беше дисквалификуван бидејќи ги крена рацете да прославува предвреме, а правилото вели дека рацете цело време треба да бидат на воланот додека трае трката.