НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ ЗА ВИКЕНД ОД ИГОР ТРПЕСКИ
Објавено на: 08.08.2025
Традицијата на Игор Трпески со нас продолжува, креиравше нов предлог-тикет за овој викенд со најдобрата обложувалница во Македонија. Детално го разгледа нашиот билтен преполн со парови од повеќе спортови и успеа да најде шест дуели кои смета дека може да му донесат солидна добивка доколку ги типува прецизно.
Ова е неговата визија:

ПСВ АЈНДХОВЕН – СПАРТА РОТЕРДАМ: Домаќинот победува на полувреме и на крај и 2+ гола
ПСВ и Спарта ја спуштија завесата во ланската сезона, гостинската победа од 3-1 на тимот од Ајндховен во Ротердам значеше нова титула ПСВ. Сега истиот дуел со обратни улоги ќе ја отвори новата сезона, а се очекува сличен исход.
КАЈЗЕРСЛАУРТЕН – ШАЛКЕ 04: Гостинот да постине 1+ гола во второ полувреме
Шалке тргнува во нов поход кон враќање во германската елита, па откако тимот од Гелзенкирхен ја отвори сезоната со победа минатиотт викенд, сега од Шалке се очекува барем еден гол во второто полувреме на ова незгодно гостување.
БВ ЛИНЦ – ХАРТБЕРГ: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ полувреме
Овие две екипи се во серија од 13 меѓусебни дуели во кои се постигнале барем два погодоци, а токму тоа се очекува и во оваа средба. Да падне барем по еден гол во двете полувремиња.
БРАГА – ТОНДЕЛА: Победа домаќин
Брага посакува со триумф да ја почне сезоната во Португалија, па и покрај тоа што домаќините имаа обврски во четвртокот во квалификациите за Лигата на Европа, не би требало да ги испуштат бодовите против еден од тимовите на кои им се предвидува испаѓање од Примеира.
ХЕРТА БЕРЛИН – КАРЛСРУЕ: Домаќинот да постигне 2+ гола
Берлинците ќе мора веднаш да го преболат поразот од Шалке од минатиот викенд, па за да ги освои првите бодови во Цвајта им се погоди противник по мерка. Херта како домаќин постигна барем два гола на шест последователни меча против Карлсруе, па нека биде така и сега.
АНТВЕРП – ЛЕВЕН: 2+ гола во второ полувреме
И двете екипи уште трагаат по првата победа во Јупилер, па наместо да типува победник полесно е да се очекуваат голови во второто полувреме. А, според последните неколку меѓусебни средби, два гола во вторите 45 минути не би требало да претставуваат тежок предизвик за Антверп и Левен.
Тикетот можете да го уплатите со шифрата за брза уплата до утре до 17 часот, кога почнува првиот натпревар од нашата предлог-комбинација. А, дали ќе вложите 200 денари колку Игор, или сакате повеќе или помалку, е сосема ваша одлука.

ШИФРА: W08080954624