Кошарка

РАНГ-ЛИСТА НА ФИБА ВО ПРЕСРЕТ НА ЕВРОБАСКЕТОТ: БРАНИТЕЛОТ НА ТИТУЛАТА ДУРИ ОСМИ ФАВОРИТ

За помалку од три недели стартува 42-то издание на Евробаскетот, а ФИБА денес издаде нова ранг-листа само со учесниците на континенталниот шампионат.

Прв фаворит за освојување на европската титула е националниот тим на Србија, а зад светскиот вицешампион е планетарниот владетел Германија. Следуваат Французите, Турците и Летонците како топ 5 фаворити за освојување на Евробаскетот, додека во топ 10 уште се Грција, Словенија, Шпанија, Литванија и Финска.

Интересно е што Шпанија како бранител на титулата е дури осми фаворит, а зошто е тоа така се покажа вчера во пријателскиот натпревар со Португалија кој Црвената фурија го загуби со 74:76, иако Шпанците имаа убедливи +18 поени предност. Инаку, најмали шанси за шампионска титула имаат Шведска, Исланд и Кипар.

Евробаскетот почнува на 27 август.