Фудбал

ОД КОПЕНХАГЕН ДО МАЛМЕ – НАЈКРАТКОТО ГОСТУВАЊЕ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛШ

Копенхаген вечерва гостува кај Малме во рамките од првиот натпревар во третото квалификациско коло за пласман во Лигата на шампионите. Данскиот и шведскиот претставник првпат се среќаваат во квалификациска рунда за ЛШ, а единствениот официјален двомеч го забележаа пред шест години во групната фаза во Лигата на Европа.

Затоа, со оваа средба е поставен рекорд во најелитното натпреварување во ЛШ, како најкратко гостување на една екипа. Екипата на Копенхаген отпатува само 40 километри до Малме, меѓу нив ги дели каналот што ги спојува Балтичкото Море и Атлантскиот Океан. Дестинацијата која може да се помине за помалку од еден час, а се вози преку мостот Ересунд.

Мостот е долг 16 километри и ги поврзува двата града. Прво се вози 8 километри над површината на морето, по што патот продолжува по вештачкиот остров Пеберхолм, пред да се продолжи по подводниот тунел долг 4 километри.

Колку за споредба, рекордот за најдалечното гостување на една екипа го држи Бенфика до Астана во Казахстан. Од Лисабон до Астана португалскиот тим патуваше дури 6.164 километри, кога се сретнаа во групната фаза во ЛШ во сезоната 2015/16.