КОИ ЕВРОПСКИ ГИГАНТИ ИГРААТ ВО НАЈСКАПА ОПРЕМА?
Објавено на: 04.08.2025
Дали е поради инфлација или едноставно се работи за огромна популарност, фудбалските гиганти од година во година договораат сè побогати соработки со најпознатите брендови за спортска опрема.
Најки, Адидас и Пума се фронтмените кои ги облeкуваат фудбалските ѕвезди, а моментално има четири клуба со над 100-милионски договори, тоа се Манчестер јунајтед и Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид.
Па, да видиме кој најмногу инкасира:
- Реал Мадрид (Адидас) – 126 милиони евра
- Барселона (Најки) – 120 милиони евра
- Манчестер сити (Пума) – 115 милиони евра
- Манчестер јунајтед (Адидас) – 103 милиони евра
- Арсенал (Најки) – 86 милиони евра
- Ливерпул (Адидас) – 69 милиони евра
- Челси (Најки) – 69 милиони евра
- Јувентус (Адидас) – 53 милиони евра
- Баерн Минхен (Адидас) – 49 милиони евра
- Тотенхем (Најки) – 34,5 милиони евра
*Профитот се смета на годишно ниво
Ливерпул ова лето ги смени Најки и се врати на Адидас и многу повеќе пари за спонзорската соработка, додека Манчестер сити ја обнови соработката со Пума на уште 10 години и стана трет клуб во светот по заработка. Шпанските гиганти отсекогаш ги имале најбогатите договори поради својата популарност на планетарно ниво.