Останато

СКАНДАЛ ВО ФИНАЛЕТО НА ЕП ВО БОКС: МАКЕДОНСКИ СУДИЈА НАПАДНАТ ОД ТРЕНЕРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАНСКИОТ БОКСЕР (ВИДЕО)

Финалето на Европското првенство во бокс за младинци кое се одржуваше во Златибор, Србија, беше прекинато поради скандалозниот чин на тренерот на азербејџанскиот тренер, кој влета во рингот среде меч и физички го нападна македонскиот судија, Стефан Цубалевски.

Во текот на борбата за златниот медал меѓу домашниот боксер Виктор Мајсторовсиќ и Јусув Агакишијев од Азербејџан, на азербејџанскиот тренер го загуби разумот и без размислување се пушти да се пресметува со судијата Цубалевски, откако прво го оттурна од позади, а потоа почна да го дави за вратот. Присутните во салата беа шокирани, додека луѓето кои беа блиску до рингот веднаш интервенираа и едвај до оттргнаа Аџербејџанецот.

Агакишијев се соочи со дисквалифијација поради срамното однесување на неговиот тренер.