Фудбал

ВЕЛЕМАЈСТОРСКИ АВТОГОЛ КОЈ ГИ ОДБЕЛЕЖИ ПРЕТСЕЗОНСКИТЕ ПОДГОТОВКИ (ВИДЕО)

Арсенал вчера ја доби пријателската контролка против Њукасл со 3-2, а за еден од погодоците на Топчитее им помогна левиот бек на Страчките, Алекс Марфи.

Младиот бек во обид да ја отстрани опасноста по нафрлената топка, со силен волеј ја заби топката во сопствената мрежа. Делуваше како нафрлувањето да беше токму за него. Со неговиот автогол Арсенал стигна до пресврт и предност од 2-1, за подоцна Одегард од пенал да го постави конечниот резултат.