Кошарка

НИКОЛА ЈОКИЌ ЌЕ ИГРА ЗА СРБИЈА НА ЕВРОБАСКЕТОТ

Добра вест го разбуди нашиот северен сосед, откако можеби нивниот најдобар играч во историјата прифати да заигра за селекцијата повторно, овој пат во обидот да се освои континенталното злато.

Ова го обзнани американскиот новинар Иван Сибери, кој работи за Форбс. Очигледно, медиумите од Америка знаат нешто повеќе од српските, кои оваа информација ја пренесуваат сабајлето.

Никола Јокиќ, Јанис и Лука Дончиќ ќе играат за своите репрезентации на Европското првенство.

 

Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември во четири земји на стариот континент.