Тенис

СИНЕР САМ СИ ГО ПЕРЕ ФЕРАРИТО (ВИДЕО)

Јаник Синер ужива во заслужениот одмор откако го освои Вимблдон пред нешто повеќе од десет дена, а со тоа ја освои и својата четвртата Голема титула и го надмина разочарувањето од Ролан Гарос кога го загуби финалето од Карлос Алкараз.

Се очекуваше светскиот рекет број 1 да се врати на мастерс 1000 турнирот во Торонто, но објави дека поради замор ќе го пропушти овој турнир каде што ја освои својата прва мастерс титула, а одморот освен што го користи за уживање на тиролските Алпи, успева и по малку да подработи.

Што поточно? Па на пример перење на неговото Ферари 488 писта. Синер очигледно не е фан на перење на кола во перална. Иако заработи точно три милиони фунти, односно нешто повеќе од четири милиони евра, Синер внимава на секое евро и не дозволува непотребни лускузи. Или можеби има преголем мерак па сака сам да ја светне оваа блескава машина од Маранело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Functional Tennis (@functionaltennis)

Еден од соседите очигледно ја забележал таквата глетка, го снимил овој момент и истиот е вирален на социјалните медиуми.

И ти би како него или сепак би одбрал перална?