ЗАСЛУЖЕНА ПЕНЗИЈА ЗА ЕДЕН ОД ЗЛАТНИТЕ РАКОМЕТАРИ НА ХРВАТСКА
Објавено на: 22.07.2025
Ситнејќи на петтата декада од својот живот, во пензија заминува еден од најдобрите ракометари на Хрватска и член на златната генерацијата – Марко Копљар.
Иако од таа намера се обидоа да го предомислат раководството на новиот амбициозен хрватски прволигаш – „Дуго село“, во тоа не успеаја и славниот бек ќе ги закачи патиките на клин. Сепак, тој не се збогува целосно со ракометот, туку ќе влезе веднаш во тренерските води и тоа во Германија.
Имено, Марко Копљар ја прифатил понудата на второлигашот Потсдам, каде што ќе му биде помошник на Емир Куртагиќ.
За хрватската репрезентација, Копљар одигра 155 натпревари и постигна 322 гола. Во својата кариера играше за Пожега, Медвешчак, РК Загреб, ПСЖ, Барселона, Веспрем, Фуксе Берлин и Фленсбург. Со Фуксе Берлин ја освои Европската лига.
Како член на златната генерација на хрватскиот ракомет, тој има бронзен медал на Олимписките игри во Лондон 2012, а на Европските првенства има два бронзени медали и еден сребрен медал, како и бронзен медал од Светските првенства.