Фудбал

СИНОТ НА ДЕ ЛАУРЕНТИС ДОБИВА ЗАКАНИ ОД ТУРСКАТА МАФИЈА: ПУШТЕТЕ ГО ОСИМЕН! (ФОТО)

Сагата околу Виктор Осимен се комплицира од ден за ден, Наполи досега одби повеќе понуди од Галатасарај поради начинот на исплаќање на трансферот. Турскиот првак се согласи да ја плати клаузулата од 75 милиони евра, но поголем дел од сумата да се исплаќа на рати.

Шампионот на Италија не сака постепено плаќање, туку барем 70‘% од целата сума да биде исплатена веднаш, а останатиот помал дел може да оди на рати. Поради овие компликации, синот на претседателот Аурелио Де Лаурентис, Едуардо, добива закани од турски фанатици.

Наводно, непознат број од Турција прво му ѕвонел на Едуардо, кој впрочем е и потпретседател на Наполи, а потоа до него стигнале заканувачки пораки.

„Овде е турската мафија. Пуштете го Осимен. Инаку ќе ви го најдеме крајот. Тебе, брат ти и татко ти ќе платите. Бидете внимателни. Е*ени неранимајковци“, гласат пораките кои стигнаа до Едуардо, по што синот на Де Лаурентис ги пријавил во полиција.