БЕКАМ ВРАБОТУВА УШТЕ ЕДЕН ТЕЛОХРАНИТЕЛ ВО МАЈАМИ ДА ГО ЧУВА МЕСИ?
Објавено на: 07.07.2025
Интер Мајами влезе во преговори со Атлетико Мадрид околу потенцијален трансфер на Родриго Де Пол. Аргентинскиот играч за врска е близок пријател со Лионел Меси и долгогодишни соиграчи во селекцијата на Гаучосите, па би бил идеално засилување во средниот ред на тимот кој го предводи Хавиер Маскерано.
Фудбалската јавност веќе долги низ години се шегува на сметка на Де Пол дека е телохранител на Меси кога се на репрезентативни обврски со Аргентина, па така овој тренд продолжи и по покажаниот интерес на тимот од Мајами да го ангажира искусниот работник во средината од теренот.
Како што е познато, Меси има личен телохранител кој му го чува грбот покрај аут линијата за време на натпреварите во МЛС, а сега може да добие и бодигард на теренот во ликот и делото на Де Пол. Родриго наводно е отворен кон идејата да ја продолжи кариерата во САД, секако играњето покрај Меси игра голема улога во неговата одлука.