БАЕРН ИЛИ БАРСА? ЛИВЕРПУЛ ГО ПРОДАВА ОФАНЗИВЕЦОТ КОЈ НАМЕСТО НА ПОГРЕБОТ НА ЖОТА, ЗАМИНА НА ЗАБАВА СО ГЕЈМЕРИ
Објавено на: 07.07.2025
Луис Дијас го навлече глевнот на фудбалските фанови по одлуката да замине во родната Колумбија на забава со стримери на видео игри, наместо да присуствува на погребот со остатокот на екипата на Ливерпул и да му оддаде последна почит на трагично загинатиот соиграч Диого Жота.
Поради нарушување на личната репутација, Ливерпул многу веројатно ќе се обиде да заработи од евентуална продажба на колумбискиот крилен офанзивец, а во трка за неговиот потпис се два европски гиганти.
Според информациите на повеќе медиуми, Дијас наводно ги договорил личните услови со Баерн Минхен, по што германскиот шампион сега треба да преговара со англискиот првак околу сумата на трансферот. Во меѓувреме и Барселона не се откажува од Дијас, иако Ливерпул одби две понуди од Каталонците претходно, сметајќи го за важен дел од екипата на Арне Слот, особено по трагичната смрт на Жота.