ДЕЈАН САВИЧЕВИЌ ЈА ПОМИНА НОЌТА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА, ДОБИ ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ
Објавено на: 07.07.2025
Дејан Савичевиќ, еден од најдобрите светски фудбалери во својата генерација и актуелен претседател на црногорската фудбалска федерација, во саботата навечер бил приведен во полисицката станица во Херцег Нови поради сообраќаен прекршок.
Ексѕвездата на Црвена звезда и Милан одбил да прави алко-тест, по што ноќта ја поминал во полициска станица со образложение дека имал повеќе сообраќајни прекршоци. Утринава бил ослободен откако Судот му пресуди забрана од четири месеци за упшравување со возило, како и парична казна од 1.000 евра.
Савичевиќ е добро познат на сообраќајната полиција бидејќи и во минатото дивеел по црногорските патишта. Од неодамна доби нов четиригодишен мандат на челот на фудбалската федерација на Црна Гора, која сега ќе мора да вработи возач за да го превезува претседателот.