Фудбал

МИНАТИОТ МЕСЕЦ СЛАВЕШЕ ТИТУЛИ, ИГРАШЕ НА СВОЈАТА СБАДБА, А СЕГА… ФУДБАЛОТ СЕ ПРОСТУВА ОД ЖОТА

Фудбалскиот свет завиен во црно, сè уште е во неверување по трагедијата во која Диого Жота го загуби животот во сообраќајна несреќа во Шпанија. Заедно со неговиот помлад брат Андре Силва, кој исто така беше фудбалер, подлегнаа на повредите откако нивното возило излета од патот и од тежок удар се вивна во пламен, а браќата Жота немале шанси ниту време да се спасат.

Бројни спортисти како и клубови изразија сочувство до семејството, погодени од трагичната вест.

„Ова воопшто нема смисла. Само што бевме заедно со националниот тим, пред неколку дена правеше и свадба. Изразувам длабоко сочувство до твоето семејство, твојата сопруга и твоите деца, им посакувам да имаа сила и да ги издржат овие тешки моменти. Диого и Андре, почивајте во мир, ќе ни недостасувате“, се изрази Кристијано Роналдо, капитенот на Португалија.

Во јуни, Жота се радуваше на 20-тата лигашка титула со својот Ливепрул, а набрзо потоа со Португалија по вторпат стана шампион и на Лигата на Нации. Пред десетина дена Диого го стави и најважниот потпис во неговиот сега веќе завршен живот, се венча со долгогодишната партнерка Руте Кардосо, со која има три деца.

Сочувство изрази и Леброн Џејмс, кој е акционер на Ливерпул веќе долго време.

Фудбалската федерација на Португалија, сите премиерлигашки клубови и останатите од цела Европа и светот, исто така изразија сочувство до семејството на Жота.