Фудбал

КОЛКУ Е КРАТОК ЖИВОТОТ: ЖОТА ПРЕД ЕДНА НЕДЕЛА СЕ ОЖЕНИ, УТРИНАВА ЗА МИГ МУ ЗГАСНА ЖИВОТОТ

Фудбалскиот свет е потресен од трагичната вест која утринава ја потврдија повеќе медиуми – Диого Жота, фудбалерот на Ливерпул загина во сообраќајна несреќа заедно со неговиот брат Андре.

И двајцата биле во автомобилот кој се движел по автопат во шпанскиот регион Замора, откако излетале од патот по што визолото за миг се запалило. Ниту Диого, ниту неговиот помал брат не успеале да се спасат поради што огнот брзо се раширил на местото на настанот и настанал голем пламен.

За трагедијата да биде поголема, Жота пред само една недела се венчаше со својата долгогодишна партнерка Руте Кардосо со која има и три деца.