Кошарка

ПАНИКА ВО КОЛОРАДО, ЏОКЕРОТ ЗАМИНУВА?

Навивачите на Денвер нагетс претрпеа непријатно изненадување од страна на сопственикот на франшизата, Џош Кронки, по неговата изјава околу иднината на првата ѕвезда, Никола Јокиќ.

Кронки не делуваше уверливо во изјавата околу новиот договор на популарниот Џокер, по што се крена прашина меѓу навивачите на Нагетс кои тврдат дека ќе останат без еден од најдобрите кошаркари на денешницата.

„Секако дека ова лето ќе му го понудиме максималниот договор од 212 милиони долари за три години. Сепак, не сум сигурен дека Никола ќе го прифати“, истакна сопственикот на Денвер.

Изјавата не наиде на позитивни реакции, дел од навивачите веќе го гледаат Јокиќ во дрес на друг клуб, поточно ја предвидуваат Калифорнија како неговата следна дестинација, каде би можел да се спои со Лука Дончиќ во ЛА лејкерс.

Не е првпат Лејкерси да се поврзуваат со Џокерот, како најпопуларна франшиза која редовно има Ол-стар ѕвезди во тимот и се бори за титули. Неодамна Езерџиите добија нови газди кои сигурно ќе продолжат со инвестициите за тимот да остане конкурентен, па нема да биде чудо доколку барем една сезони гледаме влелеснко трио меѓу Леброн, Лука и Никола.