Тенис

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ВО ТЕНИС НЕМА НОКДАУН? (ВИДЕО)

Корентин Муте често е тема на разговор во тенискиот свет, но поради необични ситуации кои му се случуваат за време на натпреварите. Овојпат францускиот тенисер беше жртва на напад од тениско топче, во дуелот против Тејлор Фриц во кој Муте славеше со 2-1 во сетови на Квинс турнирот во Лондон.

При еден поен Муте истрча во напад до мрежата, а повратниот удар од Фриц заврши во главата на Французинот, по што овој падна на тревата и се држеше за главата. Па, ако некој ти каже дека во тенис не постои нокдаун, ти покажи му го видеово и демантирај го…