ТЕЖИ 700 МИЛИОНИ ЕВРА, ПА ЛЕСНО ДОБИ ЗЛАТНА ВИЗА: ЃОКОВИЌ СО СЕМЕЈСТВОТО СЕ СЕЛИ ВО АТИНА
Објавено на: 16.06.2025
Со голема гордост грчките медиуми објавија дека најуспешниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, ќе се пресели во Атина заедно со неговото семејство, откако добил златна виза.
Одлуката за промена на животната средина не е донесена наеднаш, туку се должи на повеќекратно престојување на Ѓоковиќ во грчката метропола и бројните туристички дестинации, како и условите екои ги нуди Атина за неговото семејство, но и целото негово богатство кое го заработи во текот на блескавата кариера. Имено, Новак често знае да летува на Миконос или на Крит, неколкупати ја има посетено и планината Атос, која има голем духовен значај за него.
Првите контакти со грчките власти Ѓоковиќ ги остварил лани за добивање златна виза. Инаку, ваков тип на виза може да се добие при минимална инвестиција од 250.000 евра во бизнис, а со богатството на Новак кое тежи повеќе од 700 милиони евра, воопшто не беше проблем да се добие златна виза.
Српскиот тенисер и еден од највлијателните спортисти на денешницата очигледно врти нов лсит во животот. Иако засега живее во Монако, Ѓоковиќ по сите изгледи се одлучил за помирен и поспокоен начин на живот. Неговите деца ќе ги имаат сите услови во Атина за просперитет, а воедно од античкиот град ќе му биде поблиску да стигне до турнирите каде што најчесто настапува.