ГОЛМАНОТ НА ОУКЛЕНД: ЗЕДОВ НЕПЛАТЕН ОДМОР ЗА ДА БРАНАМ ПРОТИВ БАЕРН!
Објавено на: 16.06.2025
Полупрофесионалниот тим на Оукленд сити од Нов Зеланд претпре очекуван дебакл со 0-10 од Баерн Минхен во првото коло од Светското клупско првенство, но нивниот голман Конор Трејси стана хит по изјавата дека користи неплатен одмор за да биде во САД на шампионатот.
Иако прими 10 гола, имаше дури 7 одбрани, што е импресивно за полупрофесионален голман, а уште повеќе инспирира фактот што Трејси морал да земе неплатен одмор од својата регуларна работа за да учествува на СКП.
„Имав неколку слободни денови кои ги комбинирав со неплатен одмор, само да за бидам со тимот и да играм на Светското клупско првенство. 100% сум убеден дека ја донесов вистинската одлука, да браниш против фудбалски великани како што се Баерн Минхен, Бенфика и Бока јуниорс е навистина нешто посебно“, истакна Трејси по мечот против Баварците.
Затоа фудбалот е број 1 спорт во светот, каде соништата се поголеми од шансите кои ти се даваат.