Фудбал

СОРЛОТ СО УТКА НА ПРВЕНСТВОТО УШТЕ ВО ПРВИОТ ДЕН НА СКП! (ВИДЕО)

Александер Сорлот не се прослави во својот прв натпревар на Светското клупско првенство со своето големо промашување во дуелот против ПСЖ, кој Атлетико Мадрид го загуби со убедливи 0-4.

При водство од 2-0 на Парижаните, Сорлот имаше одлична шанса да ја намали негативата на Јорганџиите, но наместо нафрлувањето од десно да го претвори во гол, норвешкиот напаѓач ја испрати топката високо над дирекот, откако шутна од непосредна близина пред Донарума.