Ракомет

КАМБЕК НА ЛЕГЕНДИТЕ: ЧУПИЌ ТРЕНЕР, КАРАЧИЌ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ВАРДАР?

Македонскиот ракометен вицешампион Вардар ќе го обновува стручниот кадар за новата сезона, а две клупски легенди се поврзуваат со камбек во Скопје.

Иван Чупиќ, миленикот на вардаровата фан-база и човекот кој го постигна победничкиот гол за втората европска титула во 2019 година, е сериозен кандидат да го наследи тренерското столче кое остана празно по заминувањето на Гиљермо Милано. Но, тоа не е сè, треба да се пополни и позицијата на спортски директор, а наводно таа е предвидена за вториот Хрват кој ги бранеше црвено-црните бои на Вардар, Игор Карачиќ.

Хрватското дуо кое имаше голем придонес за двете титули на Вардар во Лигата на шампионите, веројатно ќе добие шанса во поинаква улога да го вратат сјајот на најуспешниот ракометен бренд во Македонија.

И секако, Стојанче Стоилов ќе остане дел од стручниот штаб.