ИГОР НА ТЕСТ СО ДУЕЛИ ОД СВЕТСКОТО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО – ОВА Е НЕГОВИОТ НОВ ПРЕДЛОГ-ТИКЕТ (ФОТО)
Објавено на: 13.06.2025
Од јунскиот репрезентативен циклус се префрламе на збиднувањата во САД, каде викендов почнува новото Светско клупско првенство. Ќе се одиграат повеќе од 63 натпревари во следните дваесетина дена, што значи нашиот билтен ќе биде исполнет со богата понуда токму за тие дуели, а Игор Трпески ќе се обиде точно да ги типува.
Неговит тазе предлог-тикет е составен од 6 фудбалски пара, па да почнеме:

ДЕРИ СИТИ – ГАЛВЕЈ: 0-2 гола
Иако двете екипи примија по повеќе од 20 гола во 18 лигашки меча, Трпески се одлучи да типува дека ќе нема повеќе од два погодоци на средбата. Двете екипи се наоѓаат на средината од табелата во ирскиот шампионат и голема е веројатноста да се одигра тврд меч.
СТ. ПАРТИКС – ДРОХЕДА: Тим 1 2+ гола
Само бод ги дели двете екипи со тоа што гостите имаат одиграно натпревар повеќе и засега го чуваат второто место во ирската Премиер дивизија. Иако во три од последните пет меѓусебни дуели немало погодоци, вечерва тимот на Сент Патрикс би требало барем двапати да ја затресе противничката мрежа и да ја продолжи голгетерската серија.
ПОРТУГАЛИЈА У21 – ПОЛСКА У21: 1+ во прво и 3+ гола
По ремито со Франција, Португалците целат на прва победа во групната фаза од Европското за млади, а селекцијата на Полска им се погоди како противник по мерка откако во првото коло беа поразени од Грузија. Сепак, на Игор му е поважно да има погодоци на средбата, односно барем еден во првите 45 минути и најмалку три гола во целиот дуел.
ИНТЕР ТУРКУ – ХАКА: Тим 1 1+ гола во прво
Интер Турку е во долга серија од барем еден постигнат гол од септември 2024 година па досега. Токму тоа се бара во типот на Трпески, домаќините да ја продолжат голгетерската низа со барем еден погодок во првото полувреме.
АЛ АХЛИ КАИРО – ИНТЕР МАЈАМИ: Реми или победа гостин и 1+ гола во прво
Интер на Лео Меси како домаќински клуб на СКП го отвора новиот шампионат против египетскиот првак. Добро ќе биде за тимот од Мајами, но и за првенството, да отворат со триумф, а ние очекуваме и евентуално реми во кое ќе се падне најмалку еден гол во првтото полувреме.
ПСЖ – АТЛ. МАДРИД: Гол-гол и 3+
Уште во првиот ден ќе се гледа големо европско дерби, во кое новиот европскиот првак ќе ги одмери силите со Јорганџиите на Диего Симеоне. Знаејќи во каква страшна форма се Парижаните, би требало повеќепати да ја затресат мрежата на Облак, но и Атлетико да возврати за да има драма во средата.

Првиот натпревар од овој викендашки предлог-тикет почнува вечерва во 20:45 часот, што значи дотогаш можете да ја искористите шифрата за брза уплата во кај нас и да се пробате заедно со Игор. Неговиот влог останува 200 денари, ваше е со колку ќе го уплатите тикетот.
ШИФРА: W06131068133