Фудбал

ОД ПЕРСПЕКТИВА НА САНЕ: КАКО ФАНОВИТЕ НА ГАЛАТА ЈА ПРЕЧЕКАА НОВАТА ЅВЕЗДА (ВИДЕО)

Навивачите на Галатасарај отсекогаш знаеле да направат огромен гест при пречек на ново засилување, а како го дочекаа Лирој Сане делува на сцена на „Лудиот Макс“.

Десетици фанатици на турскиот шампион со црвени факели ја обоија рутата по која се движеше превозот на Сане, испратен со полициски возила поради безбедност, а на целата сцена Германецот гледаше во неверување.

Навистина се нешто посебно…