ШОКАНТЕН ПОТЕГ ИЗБОР НА ФЛИК: ХРВАТСКИ ВЕТЕРАН ДОАЃА ВО БАРСА?
Објавено на: 12.06.2025
На Ханси Флик му е потребна т.н. „бек-ап“ опција на крилните позиции, па изборот се падна на хрватскиот етеран Иван Перишиќ, што е големо но пријатно изненадување.
Очигледно германскиот стратег сака да располага со искусни играчи во комбинација со „децата“ од школата на Барса, а Перишиќ е играч на кој може да се потпре и веќе има работено со него. Флик и Перишиќ заедно ја освоија тројната круна во Баерн Минхен во сезоната 2019/2020, па сега шпанските медиуми најавуваат нова соработка меѓу двајцата.
Перишиќ на 36 години одигра фантастична сезона во дресот на ПСВ постигнувајќи 16 гола и 11 асистенции во 39 меча, како еден од главните играчи на тимот од Ајндховен во походот кон титулата во Холандија. Со оглед на тоа дека му истече договорот и е слободен играч, Барса може да го договори за „џабе“.